четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фатен бегалец од затвор осуден на петгодишна затворска казна, вратен е во КПУ Идризово

Фатен бегалец од затвор осуден на петгодишна затворска казна, вратен е во КПУ Идризово

Вчера (16.06.2023) околу 21.15 часот на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го привеле Б.З.(24) од Тетово.

Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години.

Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.