петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фатен на дело: Од чанта на жена украл телефон, но казната брзо го стигна

Фатен на дело: Од чанта на жена украл телефон, но казната брзо го стигна

На 12.04.2023 околу 15:00 часот на автобуска постојка на ул.„Димитрија Чуповски“, полициски службеници од одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар Бит Пазар го лишиле од слобода К.С.(52) од Скопје.

Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од чанта на С.К.(68) од Зелениково, скопско, одзел мобилен телефон.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.