Полициски службеници на СВР Тетово вчера попладне на Градскиот плоштад во Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства.
-Тие биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.