Денеска (07.12.2021) околу 12.50 часот во трговски центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода А.К. и Е.Р., двајцата од Скопје, кои биле затекнати при извршување кражба, во која одземале пари од З.С..
Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.