сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фатени на дело: Приведени две лица при извршување кражба во Велес

Фатени на дело: Приведени две лица при извршување кражба во Велес

Полициски службеници од СВР Велес вечра во 14.40 часот ги лишиле од слобода М.З.(30) и Е.Х.(21), двајцата од Велес. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика во Велес, односно во моментот кога се обиделе да ги стават украдените предмети во возило и да заминат, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Украдените предмети, како што се посочува, им биле одземени, а тие биле приведени во полициска станица.

-По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.