недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево

Физичка пресметка кај Житниот пазар во Кичево

Во близина на Житниот пазар во Кичево вчера се случила физичка пресметка помеѓу две лица.

– Вчера во 09:45, на улицата „Маршал Тито“, во близина на Житниот пазар во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од У.З.(40) од Кичево врз Ш.Ш. (56) од селото Зајас, соопшти портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР – Охрид информираат дека против  напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Тој, исто така посочи дека во текот на изминатото деноноќие во Кичево и околината сите граѓани ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Димоски објасни дека во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.