На 13.06.2021 во 18.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(50) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, додека извршувал работни задачи во сервис на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од С.И.(36) од с.Сингелиќ, скопско.
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.