четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Физички ја нападнала свекрвата, па и ја оштетила и покуќнината – 31-годишна од тетовско заврши зад решетки

Физички ја нападнала свекрвата, па и ја оштетила и покуќнината – 31-годишна од тетовско заврши зад решетки

Триесет и едногодишна жена од Доброште е приведена во полициска станица поради напад врз нејзината свекрва, информираат од СВР Тетово.

-Околу 23 часот и 20 минути во тетовско Доброште службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 31-годишна жена од ова село, која дваесетина минути пред тоа во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 65-годишна свекрва и ја оштетила покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.