вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Физички напад врз луѓе на територијата на нашата држава

Физички напад врз луѓе на територијата на нашата држава
илустрација

На 07.01.2022 во 19,45 часот В.П.Д.(46) од Скопје пријавила дека во с.Кучково во угостителски објект додека била на работно место била физички нападната од едно лице кое било гостин во објектот. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.01.2022 во 15,00 часот А.Ш.(29) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од А.Р. и М.Б. Сочинети записници за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 07.01.2022 во 20,45 часот С.А.(40) од с.Јакреново-крушевско пријавил дека пред продавницата во с.Јакреново Ј.Е. со тврд предмет физички го нападнал неговиот брат Ѓ.А. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.01.2022 во 21,30 часот било пријавено дека во Берово во угостителски објект Ѓ.Ц.(65) физички го нападнал Н.А.(40), двајцата од Берово. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.01.2022 во 20,45 часот А.Р.(45) од Просениково пријавил пред продавница во с.Просениково бил физички нападнат од М.Н. М.Н. и Ѓ.Н. сите од с.Просениково. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.01.2022 во 02,30 часот Р.П.(31) од Демир Капија пријавил дека пред угостителски објект во Демир Капија, а потоа и кога сакал да си замине, бил физички нападнат од страна Д.Ј. Ф.Ј. Т.В. Ѓ.С. Љ.Ч. Т.К. и други лица, сите од Демир Капија. Се работи на расчистување на случајот.

На 08.01.2022 околу 02,00 часот било пријавено дека во Неготино Г.С.(25) с.Тимјаник бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.