петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Апсење во Тетово, пронајдена над 1 килограм марихуана

ФОТО: Апсење во Тетово, пронајдена над 1 килограм марихуана

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово вчера ги лишиле од слобода К.Р.(24) и Л.Р.(22), двајцата од Тетово.

-При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, во просториите кои ги користeле биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со околу еден килограм и 300 грама марихуана и дигитална вага, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.