четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Апсење во Ласкарци, пронајдено оружје

ФОТО: Апсење во Ласкарци, пронајдено оружје

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија денеска во скопското село Ласкарци го лишиле од слобода С.Б.(34) од с.Ласкарци.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка, информира МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.