вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Еден убиен и двајца повредени во криминална престрелка на Рузвелтова

ФОТО: Еден убиен и двајца повредени во криминална престрелка на Рузвелтова

Ноќеска во вооружена криминална престрелка на улица Рузвелтова, во близина на крстосницата со улица Орце Николов, убиено е едно лице, а две се борат за живот., пренесува телевизија Телма.

Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило во кое бил загинатиот.

Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Едно лице починало на местото на пукотницата, а две се борат за живот. Телото на загинатиот и ранетите во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар.

Неофицијално како што објавува Телма, починатиот е брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.

Полицијата го обезбедува теренот и врши увид. Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите.

Наводно, полицијата брка едно возило во кое би требало да се наоѓаат напаѓачите, објави Телма.

ФОТО: ТЕЛМА