петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Гори автобус во близина на Кондово

ФОТО: Гори автобус во близина на Кондово

Во близина на Кондово, на обиколницата во Скопје, гори автобус. Во моментов, четири противпожарни возила го гаснат пожарот. Причините за пожарот за сега се непознати.

Според информациите од противпожарната бригада, нема жртви ниту повредени бидејќи автобусот бил празен. Се уште не знаат дали се работи на автобус на ЈСП или пак за комерцијален превозник. Од МВР исто така потврдуваат дека нивниекипи се излезени на теренот, но се уште нема повеќе информации.