вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Пожарот во Лисиче остави на улица 8-члено семејство со две мали деца

ФОТО: Пожарот во Лисиче остави на улица 8-члено семејство со две мали деца

Осумчлено смејство, со две мали деца, вечерва остана без кров над главата. Пламените јазици ја проголтаа нивната куќа лоцирана на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

На пожарот, како што дознава КУРИР, му преходел силен звук- пукање, кој ги вознемирил жителите на населбата во општина Аеродром.

Пожарот избил околу 22 часот, а очевидци за Курир велат дека две куќи се изгорени до темел, но за среќа нема повредени.

Пожарникарни возила, полиција, брза помош и екипи на ЕВН и во моментов се на терен.