Три возила се опожарени, а две делумно зафатени од пожарот кој утринава се случил во Штип.
Од МВР за Курир го потврдија настанот од каде информираат дека случајот кај нив е пријавен утрово околу 5:25 часот.
-Во Штип на ул. Борис Крајгер биле опожарени три возила: „Пасат“, сопственост на Н.Т. (32), „Пасат“ сопственост на М.Т. (63) и „Опел астра“, сопственост на О.М. (61), а од огнот биле делумно зафатени и две возила „цитроен“, сопственост на А.М. и Б.Г., велат од МВР за Курир.
Оттаму додаваат дека полициските службеници вршат увид на местото на настанот.
Неофицијално, едно од возилата е во сопственост на функционер на СДСМ во Штип.