Во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 (десет) поголеми најлонски пакувања со марихуана.
Дрогата била пронајдена во 01.05 часот на Банишко поле, инфомира МВР.
Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.