вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Французин уапсен на Бит Пазар – еве ги деталите

Французин уапсен на Бит Пазар – еве ги деталите

На 23.05.2022 во 14,00 часот во Скопје на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода К.Л.(25) од Франција, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.