понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчат казни од МВР: 174 санкции за брзо возење за еден ден

Фрчат казни од МВР: 174 санкции за брзо возење за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (16.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.