вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФРЧАТ КАЗНИ: Полицијата пуштена на најјако – 302 возачи удрени по џеб!

ФРЧАТ КАЗНИ: Полицијата пуштена на најјако – 302 возачи удрени по џеб!

Вчера (31.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 302 возачи. Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа,119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.