вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчат казни, внимавајте: 181 санкции за брзо возење за само еден ден

Фрчат казни, внимавајте: 181 санкции за брзо возење за само еден ден

Во текот на вчерашниот ден (04.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 181 возач. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.