вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчат казни, внимавајте: 534 санкции за брзо возење

Фрчат казни, внимавајте: 534 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 534 возачи. Од нив 41 возило се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа 251 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 283 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.