вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчеа казни на автопатот Куманово- Скопје- Велес, засилените контроли продолжуваат

Фрчеа казни на автопатот Куманово- Скопје- Велес, засилените контроли продолжуваат

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 105 возачи.

Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.