сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчеа казни од МВР: 135 санкции за брзо возење

Фрчеа казни од МВР: 135 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 135 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.