На територија на Град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Изречени се 34 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, додека, како што информираа од МВР, пет мерки се изречени за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 40 за непрописно паркирање…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.