понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Фрчеа казни во Скопје- возачи и пешаци ВНИМАВАЈТЕ, засилените контроли продолжуваат

Фрчеа казни во Скопје- возачи и пешаци ВНИМАВАЈТЕ, засилените контроли продолжуваат

Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје се изречени 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за управување под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.