Денеска (01.07.2022) во периодот од 14.00 до 20.00 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 61 возач.
Од нив, 35 на територија на Тетово, а 26 на територија на Гостивар.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.