петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ГО ПИКНАЛ ВО АВТОМОБИЛОТ И СО ЗАКАНИ ОД НЕГОВИОТ ДОМ ЗЕМАЛ ПАРИ И ЗЛАТО – драмата не застанала тука, потоа следувало шок за 20 годишен скопјанец

ГО ПИКНАЛ ВО АВТОМОБИЛОТ И СО ЗАКАНИ ОД НЕГОВИОТ ДОМ ЗЕМАЛ ПАРИ И ЗЛАТО – драмата не застанала тука, потоа следувало шок за 20 годишен скопјанец

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, денеска (14.10.2023), го лишиле од слобода В.К.(31) од Скопје поради сомнение дека е соизвршител во кривично дело изнуда.

Имено, В.Н.(20) од скопско пријавил дека на 13.10.2023 на подрачје на Кисела Вода, И.Ј. од Скопје, кого го познавал, со употреба на сила го внел во неговото возило и со закани од неговиот дом одзел пари и злато, по што му договорил средба со приведениот, вработен во мобилен оператор, да му земе мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.