На 19.02.2022 на подрачјето на СВР Тетово од 10:00 до 15:00 часот спроведена е акциска контрола за престигнување, во која бил откриен и санкциониран 41 прекршок (ТЕ-22 и ГВ-19).
Најголемиот број од нив се однесувале на престигнување на забранети места (ТЕ-12 и ГВ-17), а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност.
Доколку престигнувањето е на колона возила или на непрегледно место, прекршителите ги очекува и мерка – времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
На 20.02.2022, пак, покрај другите, санкционирани биле 7 возачи (ТЕ-4 и ГВ-3) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола и 2 (ТЕ) со важечка забрана за управување.