На 08.04.2023 во 23:03 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:30 часот на ул.„Арсени Јовков“ настанал пожар во куќа сопственост на С.Д.(37).
Од пожарот бил зафатен и дел од куќата сопственост на А.С.(41).
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.