среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гори борова шума и сува трева над карбинското село Радање

Гори борова шума и сува трева над карбинското село Радање

Гори борова шума и сува трева на пет километри од карбинското село Радање. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се десет пожарникари со две противпожарни возила.

-Станува збор за поголема површина која е зафатена, во тек е гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вели Коцев.

Пожарот е пријавен од страна на месното население пред еден час и е над селото Радање под планината Плачковица. (МИА)