петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварец ја продавал сопругата на негов другар

Гостиварец ја продавал сопругата на негов другар

Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција, по што две лица се лишени од слобода.

Според СВР Тетово, дваесетгодишна гостиварка вчера, во 21 часот и 50 минути, пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар. Според пријавеното, кој му плаќал и одреден паричен надоместок на сопругот.

Двајцата, сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот, лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека се работи на расчистување на случајот.