Седумдесет и шестгодишна гостиварка вчеравечер (20 јули) во 22 часот во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 15 часот физички била физички нападната од нејзиниот 27-годишен внук, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според пријавата на жената, внукот и се заканил.
Во текот на денешниот ден пријавениот ќе биде повикан во Полициската станица Гостивар и ќе се расчистува и документира случајот.