четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гостиварка паднала од балкон, заврши на скопска клиника

Гостиварка паднала од балкон, заврши на скопска клиника

Гостиварка завршила на скопските клиники со тешки повреди на главата откако паднала од балкон.

Според СВР Тетово, педесетгодишната У.Ј, вчера околу 16 часот и 30 минути додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот, паднала од столче од балконската тераса. Балконот немал ограда и таа од висина од околу три метри паднала врз мермерните плочки. Од падот се задобила со повреди на главата и медицинско возило пренесена во гостиварската болница.

По укажаната помош У.Ј. итно е префрлена и задржана на скопските клиники.

Извршен е увид и се расчистува случајот.