На 22.08.2022 во 03:00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во угостителски објект на булевар „Ослободување“ во Кичево се пушта гласна музика и се вознемируваат граѓаните.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и по извршено мерење било констатирано дека бил нарушен јавниот ред и мир со измерена поголема бучава од дозволеното. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.