На 13.03.2021 во 13:05 часот Г.Л. од Битола пријавил дека во близина на реката до неговата куќа во Битола пронашол стара граната.
Известен бил пиротехничар во ДСЗ-Битола кој по излегување на местото на настанот констатирал дека се работи за стара нееексплодирана граната кал 75 мм која потекнувала од Првата Светска Војна и била безбедно подигната за понатамошна постапка.