На 30.03.2021 во 11:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во близина на хотел во Стар Дојран, при извршување на градежни работи, биле пронајдени две стари неексплодирани експлозивни направи – гранати кои датираат од Првата светска војна.
За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Струмица, кој ги подигнал гранатите од местото за понатамошна постапка.