На 07.10.2021 во 14.30 часот во СВР Скопје, Х.Т.(30) од Република Грција, со престојувалиште во Скопје, пријавил дека околу 09.35 часот на крстосница на подрачјето на Центар, додека управувал возило, бил удрен од друго возило „опел“, со скопски регистарски ознаки.
По ударот возачот излегол и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.