сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Грк лажел дека е Албанец за да влезе во Македонија

Грк лажел дека е Албанец за да влезе во Македонија

На 07.11.2020 во 04.10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, за излез од Република  Македонија, по извршена контрола во оперативна евиденција на К.Л.(22) од Р.Грција, било утврдено дека не бил евидентиран на кој граничен премин остварил влез во државата.

Поради сомнение во исправноста на личната карта, при извршен  преглед кај него била пронајдена албанска лична карта на име Р.Л.(22) од Р.Албанија, при што тој изјавил дека грчката лична карта му била фалсификувана. По извршена проверка било утврдено дека влез во државата остварил со албанската лична карта на 06.11.2020 на Граничниот премин Ќафасан.

Р.Л. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.