На 05.10.2022 околу 19:30 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Е.(41) од Скопје, затоа што на булевар „Партизански одреди“, по претходна расправија во врска со сообраќај, физички го нападнал К.А.(27) од Куманово и му се заканил со остар предмет.
Увид бил извршен, а остриот предмет бил подигнат за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.