ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.М.(40) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При контрола, извршена на улицата „ЈНА“ во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа хероин и стаклен предмет исполнет со метадон.