На 04.12.2018 година околу 07:30 часот во хотел на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола била пронајдена почината 66-годишна жена од Битола, објави ТЕРА.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
-По Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, соопшти битолската полиција.