20 годишно момче од Скопје доживеало вистински хорор откако тројца разбојници среде ноќ влегле во неговиот дом. Од МВР информираат дека попладнево момчето се јавило во полиција и пријавило дека тројца маскирани разбојници, ноќеска во 02:30 влегле во неговиот дом со цел да го ограбат. Агонијата на скопјанецот траела 10 часа. Насилниците пред да го напуштат станот, од кој одзеле лап топ, мобилен телефон и пари, го прободеле момчето со остар предмет. Момчето со возило на Итната помош било префрлено во Ургентниот центар. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.