сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хорор во Скопје: Татко си го у*ил синот, па се обидел да се самоу*ие

Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера го убил својот 59-годишен син, во скопската населба Аеродром, јавува „Фокус“.

Од МВР го потврдуваат инцидентот, но истакнуваат дека случајот допрва треба да се расчисти, одноно како дошло до него.

-Вчера во 19.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д.(87) и В.Д.(59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Според неофицијални информации, таткото откако го застрелал синот се обидел да се самоубие, при што пукал и во себе, но преживеал.