На 15.05.2020 во 17.20 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во Р.С.Македонија допатувал Ј.К.(51) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка со турски национални ознаки.
По извршените проверки, поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „фалсификување на исправа“, тој бил лишен од слобода во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, информираат од МВР.