четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Им се заканувал на двајца полицајци, а тие го предупредиле дека го снимаат камерите на нивните униформи – потоа настанал хаосот за кој веќе жали

Им се заканувал на двајца полицајци, а тие го предупредиле дека го снимаат камерите на нивните униформи – потоа настанал хаосот за кој веќе жали

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

– На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево – Гостивар. Тој работел како чувар во каменоломот пред кој било паркирано полициското возило за сообраќајна контрола. Додека службените лица имале сопрено возило за проверка, обвинетиот им се приближил и најпрвин започнал вербално да им се заканува и да ги брка. Полицајците го предупредиле да престане со заканите, дека ќе биде приведен и дека целиот настан го снимаат камерите на нивните униформи, информираат од ОЈО Гостивар.

Оттаму појаснуваат дека во тој момент обвинетиот се обидел да го скине кабелот од службената камера, а потоа зел лопата која била оставена на страна и започнал со неа да замавнува кон полициските службеници. Тие го совладале и го привеле.