сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент по натпреварот Вардар-Македонија ЃП, повредени и уапсени неколку лица

Инцидент по натпреварот Вардар-Македонија ЃП, повредени и уапсени неколку лица

Неколку лица се повредени и уапсени по вчерашниот натпревар меѓу фудбалските клубови Вардар и Македонија ЃП.

Од полицијата денес информираат дека по завршување на фудбалскиот натпревар кој се играл на стадионот „Петар Милошевски“, поради физичка пресметка биле приведени Ѓ.М.(22), К.Х.(35), Б.А.(65), Ф.С.(19), Д.Т. (33) и А.М. (22) сите од Скопје

-При пресметката со повреди се здобиле неколку лица, а А.М. се здобил со повреда од остар предмет на левата рака, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.