вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент попладнево во Струмица: Фрчеле секири, интервенирале десетина полицајци

Инцидент попладнево во Струмица: Фрчеле секири, интервенирале десетина полицајци

Три полициски автомобили, едно комбе и десетина полицајци попладнево по 15 часот интервенираа во Турското маало во Струмица.

Според првичните информации на влезот во маалото дошло до тепачка меѓу две семејства при што биле употребени и секири.

Очевидци раскажуваат дека до пресметка дошло поради расправија за место за продажба, а според други, пак, поради недоразбирање околу плаќање закупнина за една продавница.

Полицијата врши увид на местото на настанот, а улицата „Бетовенова“ е блокирана на влезот од полициски возила.

Од полицијата го потврдија настанот, а со повеќе информации ќе излезат подоцна.