понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инспекција влезе во угостителски објекти: Фатени малолетници после полноќ и лица без сертификати

Инспекција влезе во угостителски објекти: Фатени малолетници после полноќ и лица без сертификати

На 12/13.02.2022, во временскиот период од 22.00 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство Државниот пазарен инспекторат извршиле  акциска контрола во четири угостителските објекти на подрачјето на Тетово.

Во еден од нив, сопственост на А.Б.(39) од с.Непроштено, три лица не поседувале сертификат за вакцинација за ковид-19 и ќе следуваат соодветни поднесоци, а во друг објект, сопственост на С.К.(24) од Тетово, затекнати се пет малолетни лица после полноќ, при што на сопственикот на објектот му е изготвен соодветен поднесок.