Семејството на Петар од Битола апелира за било каква информација за него. Тој вчера во 11 часот излегол од дома, по што му се губи трага.
Роднини и пријатели започнаа потрага по Петар Дрогришки од Битола, а на социјалните мрежи се објавени пораки со апли за помош во неговото пронаоѓање.
Станува збор за момче на возраст од 25 години, кое го нема скоро 24 часа.
Петар последен пат бил облечен како на оваа фотографија:
„Почитувани другарки и другари, ве молиме доколку некој го види или има видено Петар во последните 24 часа да не контактира на броевите 075-888-779, 078-492-812, 075-497-528, 075-497-526“, се вели во апелот.