среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Истрага против дилер на марихуана од Битола

Истрага против дилер на марихуана од Битола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на 21 декември на улицата „Стрчин“, полициски службеници пронашле 72,69 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​